ИХФ: Најдобри се Гидсел, Рајстад, Скипаготу и Гранву

фото: IHF

Изборот на најдобри играчи во светот според Светската ракометна федерција (ИХФ) почна во 1988 со прогасување на Веселин Вујовиќ и Светлана Китиќ од СФР Југославија за најдобри играчи. 
Се одржаа уште два избора пред да има тригодишна пауза, а потоа без прекин избор на играч се спроведуваше се до 2016. По тоа имаше уште една година пауза, па потоа имаше пауза во 2020 и 2022. Начинот на кој се бираа играчи се менуваше, годинава ИХФ го обнови изборот и го надгради начинот на избор. 
Никола Карабатиќ и Микел Хансен по трипати биле избрани за најдобри играчи во машка, а во женска конкуренција, Кристина Неагу четири пати била најдобриот играч. 

Матијас Гидсел од Данска е најдобриот играч во машка конкуренција за 2023, а Норвежанката Хени Рејстад во женска конкуренција.
Во младинска, ракометарот со кој ќе си имаме работа во мај - Елијас Елефсен а Скипаготу од Фарски острови е најдобриот играч, а во женска конкуренција, ракометарката што го реши последното финале на СП, Лена Гранву од Франција. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk