Келце го врати брејкот во Плоцк

Фото: Orlen Wisla Plock

По триумфот над Келце како гостин во есенскиот дел од сезоната, фановите на Висла Плоцк со голем ентузијазам го чекаа дуелот во својата сала со надеж дека уште еднаш ќе го срушат шампионот. 
Но, Келце, иако настапи без Андреас Волф, Даниел Душебаев, Томас Гебала, Симон Сичко и Хасан Кадах беше подобриот на теренот и ја контролираше играта во текот на целиот меч за конечно да победи до 34-29. 
Дилан Наи со 9 гола и Игор Карачиќ со шест погодоци беа најефикасните играчи во победничкиот тим. Тин Лучин, пак, со осум гола во екипата на Висла Плоцк.
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk