Тоскиќ замина од кормилото на Целје

фото: Delo/Slavko Kolar

Алем Тоскиќ, српскиот пивот кој од 2013 до 2016 година го носеше дресот на Вардар, отстапи од тренерската позиција во екипата на Целје Пивоварна Лашко. 
Овој потег доаѓа по низата на слаби резултати меѓу кои има и 14 нули во Лигата на шампионите сезонава. Но, капак беше поразот од Крка Ново Место во 1/4 финалето на Купот на Словенија. 

Тоскиќ на кормилото на Целје дојде во 2021 година и веќе следната сезона ја освои тројната круна во Словенија, а имаше и неколку партии во Лигата на шампионите што ќе се паметат. Но, клубот континуирано ги продава своите најдбори играчи, па годинава немаа конкурентен тим во ЛШ, а ниту во домашното првенство не се прославија или со други зборови, Целје е во играчка и резултатска криза и некој мораше да преземе одговорност. 


 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk