„Света“ војна во Полска: Висла го чека Келце

Дуелот меѓу Висла Плоцк и Келце е едно од големите европски дерби средби во кое во последната деценија од Македонија редовно беше дуелот меѓу Вардар и Металург, а во последните години одново Вардар - Е. Пелистер. Такви низ Европа се уште Сегед и Веспрем, Кил и Флензбург, ПСЖ и Монпеље, во поново време Загреб и Нексе. 

Карактеристично за ова дерби е што во последните 13 години колку и да вложуваше и купуваше играчи тимот од Плоцк, редовно победуваше Келце. Но, сезонава и тоа на теренот на Келце, во првото одмерување на силите во оваа натпреварувачка година, победи Висла.
Тоа беше нивна прва победа по мај 2011 и прекината серија на Келце од неверојатни 189 првенствени победи по ред!

Во Полска ќе се игра Плејоф, денешниот исход нема го реши шампионот, но дуелот што со години полските медиуми го нарекуваат „света“ војна не го добил прекарот бадијала. 
Натпреварот почнува во 17:30 часот, 


 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk