Денеска, ждрепка за ЕП 2026, каде да гледате?

Foto: RFM

Денеска во Копенхаген, ќе се одржи ждрепката за Квалификациите за ЕП 2026 во кои ќе учествува и репрезентацијата на Македонија. 

Ждрепката ќе почне во 16:30 часот, а ќе можете во живо да ја следите преку ehftv.com или на јутјуб каналот на  следниов линк

ЖДРЕПКА ЗА КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕП 2026

Македонија ќе добие три противници во групата и ќе треба да биде најмалку втора за сигурен пласман на ЕП, а големи шанси би имала и како третпласирана доколу освои барем бод од дуелите со двете првопласирани. Такво беше досегашното искуство низ квалификациите, како ќе биде во следниот циклус ќе бидеме сведоци. 
Доколку од третиот шешир ги избегнеме тимовите на Швајцарија и Романија, тогаш нашите шанси за пласман на ЕП ќе бидат реално многу големи. 

Европското првенство во 2026 година ќе се игра во Данска, Шведска и Норвешка. Овие три држави и Франција се директно пласирани. Сите други, а такви се 32 ќе играат квалификации што ќе стартуваат во ноември 2024 (две кола) потоа продолжуваат со две кола во март 2025 и завршуваат во мај. 

Во оваа фаза ќе учествуват 32 репрезентации, а 20 од нив ќе обезбедат пласман на ЕП. Овие 32 репрезентации ќе бидат поделени во осум групи со по четири екипи. 
Победниците, второпласираните и четири вкупно најдобро третопласирани екипи ќе обезбедат учество на ЕП 2026. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk