Конференција на генерални секретари: ЕП, ранкинзи и големата ждрепка

Ждрепката за квалификациите за Европското првенство што во 2026 ќе се одржи во Данска, Шведска и Норвешка е закажана за утре во 16:30 часот, а Македонија ќе ги добие трите противника со кои ќе ги одмерува силите во ноември, март и мај за пласман на ЕП.
Во меѓувреме во Копенхаген се одржува и конференцијата на генералните секретари, серија на состаноци на кои се поставува трасата за следните потези што ќе и влече ЕХФ, а федерациите ќе бидат вклучени и треба да ги следат. 
На агендата годинава се наоѓаат идните ранкинзи, медиа покривање, ринк конвенција...

Ова е 14 состанок на генералните секретари, а присутен е и Филип Милошевски, генералниот секретар на Ракометната федерација на Македонија. 



Во рамките на овие состаноци ЕХФ ги откри и кандидатурите, односно земјите што покажале заинтересираност и испратиле писмо со намера за организација на Европско првенство во машка или женска конкуренција за 2030 и 2032. Убаво е за промена да се види дека овој пат не се скандинавските држави во конкуренција, освен Данска која аплицира а добивање на машко ЕП. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk