Женското СП 2029 ќе го добие Шпанија

foto: RFEBM

Шпанската федерација аплицираше за добивање на организација на сениорското женско Светско првенство што треба да се одржи во 2029 година. 
Аплицираше и веројатно дека ќе ја добие организацијата и тоа како единствен кандидат, додека мундијалот во 2031 ќе оди заеднички за Полска и Чешка. 
Данска, Исланд и Норвешка најверојатно ќе го добијат мундијалот во 2029 во машка конкуренција, а тој во 2031 ќе биде за Франција и Германија. Или обратно. 

Одлуката ќе биде донесена на 16 април, кога врвот на ИХФ ќе се собере во Франција за време на ждрепката за групите за Олимписките игри во Париз. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk