-
19.03.2024
-
Вести, Трансфери
Foto: HSG Wetzlar
Македонскиот тренер Филип Миркуловски и бундеслигашката екипа Вецлар ја обновија соработката и тој ќе остане на клупата на овој клуб најмалку до јуни 2025 година. Германската екипа, денеска го официјализираше новиот договор.
„Можете и самите да видите дека во Вецлар се чувствувам како дома по фактот дека сум во клубот речиси девет години. Соработката со Франк е одлична. Имаме јасни задолженије. Јас ќе бидам повеќе фокусиран на нападот. Се чувстувам многу комфорно во оваа улога и среќен сум што се поправивме малку по малку во нападот сезонава“, изјави Миркуловски.
Филип Миркуловски е познато македонско ракометно име. Кариерата ја почна во РК Македонија, клуб што веќе не постои, а потоа од 2003 до 2015 настпуваше за екипата на Металург, со една кратка авантура во 2004 година кога играше како позајмен играч во Младост Богданци.
По крахот на Металург замина за Хановер, а во 2015 се пресели во Вецлар. Во 2020 почна и тренерска кариера во Вецлар, каде што е асистент на тренер, а во два наврати беше и прв односно в.д. тренер на тимот.
Годинава на клупата на Вецлар дојде Франк Карстенс, а си замина Хрвоје Хорват и Вецлар има сосема солидна сезона во која опсанокот не му е загрозен. Отстрана гледано, доколку нишаните место кон избегнување на битка за опстанок им беа наместени кон Европа, веројатно ќе имаше и реална шанса да се бори и за настап во ЕХФ Европската лига.
Велцар погдотвува играчки промени на лето, а минатиот викенд во Скопје Филип Миркуловски им беше домаќин на тренерот Франк Карстенс и спортскиот директор Јасмин Чамџиќ. За време на гостувањето во Македонија во живо ги гледаа и натпреварите меѓу ГРК Тиквеш и Е. Пелистер, односно Алкалоид и Вардар 1961.
Поврзани вести