Микел Хансен „виси“ за ОИ Париз?

Олимписките игри станаа толку гломазен и скап проект што организаторите имаат големи проблеми со бројот на спортистите што треба да се појават на најголемата спортска смотра. Впрочем, тоа е и најголемиот проблем (да не кажеме единствената кочница) поради која и доста страктивниот ракомет на плажа досега на стана олимписки спорт. Бројот на учесниците што би ги донел на игрите, едноставно е неприфатлив. 

Но, не само ракомет на плажа, туку и обичниот ракомет кога се во прашање Олимписките игри - трпи. Имено, во ростер на ракометна екипа на ОИ нема 16 играчи како на СП или ЕП, туку само 14. И неминовно, сите 12 селектори ќе се соочат со истиот проблем, кого да прецртаат. Тие што ќе бркаат медал ќе мораат да бидат бесчувствителни кога го прават списокот, особено кога се работи за играчи што играат во еден правец. 

Верувале или не, во Данска се отвори дебата за тоа дали Микел Хансен има  загарантирано место во тимот. На последното ЕП, Хансен имаше најмал личен придонес откако игра за репрезентацијата. Му претходеше долга пауза, а сега одново паузира поради повреда. Прашањето е дали Николај Јакобсен ќе ги испраќа во пензија старите играчи преку ОИ или дефинитивно смената на генерациите ќе биде овековечена на ОИ. Не е само Микел Хансен во прашање, тука се и Расмус Лауге и Мадс Менса Ларсен како играчи што се 14+.

Списоците за ОИ ќе бидат готови во јули и дотгаш некои работи сами по себе ќе добијат одговор. Не веруваме дека данската јавност би му простила таков грев на Јакобсен да го нема Микел Хансен во тимот, ако овој е здрав и сака да игра. 
Но, слатките маки, нема да бидат многу слатки кога ќе дојде време да се селектираат само 14 играчи во тим во кој има уште цела една постава кадарна да се бори за злато. 
 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk