foto: RFM
Машката репрезентација на Македонија се наоѓа во период во кој ќе игра во два квалификациски циклуса. Првиот е за пласман на СП 2025, а вториот за пласман на ЕП 2026.
Во баражот за СП 2025 што ќе се одржи во јануари во Хрватска, Данска и Норвешка ќе играме против Фарски Острови во мај. Прво на гости, потоа на домашен терен.
Ако се пласираме на СП ќе бидеме во третиот од вкупно четири шешири и ќе ја чекаме ждрепката на 1 јуни во која се надеваме (лобираме) дека еден од домаќините (Хрватска) директно ќе нѐ испрати во една од групите што ќе се играат во Загреб (две групи), Вараждин или Пореч.
Европското првенство во 2026 година ќе се игра во Данска, Шведска и Норвешка. Овие три држави и Франција се директно пласирани. Сите други, а такви се 32 ќе играат квалификации што ќе стартуваат во ноември 2024 (две кола) потоа продолжуваат со две кола во март 2025 и завршуваат во мај.
Во оваа фаза ќе учествуват 32 репрезентации, а 20 од нив ќе обезбедат пласман на ЕП. Овие 32 репрезентации ќе бидат поделени во осум групи со по четири екипи.
Победниците, второпласираните и четири вкупно најдобро третопласирани екипи ќе обезбедат учество на ЕП 2026.
Оваа ждрепка ќе се одржи по два дена, на 21 март во Копенхаген со почеток од 16:30 часот.
Македонија е во вториот шешир, согласно ранкингот што се прави на основ на рејтингот на репрезентациите.