По голот на Пранди: ИХФ го менува правилото

Светската ракометна федерација ќе го надогради обајснувањето околу начинот на кој се изведува слободниот удар по истекот на времето. 
Голот што Елохим Пранди го постигна со Шведска по истекот на времето, во полуфиналето и се избори за продолжетоци, е причината за ваквата интервенција. 
Имено правилото вели дека за целото време додека се изведува шутот, дел од стапалото мора за цело време да биде на земја. 
Елохим Пранди ги наведе противниците да мислат дека левата нога ќе биде фикасната, но пред судискиот свиреж, застана со двете нозе на земја, а потоа кратко исчекори и ја искористи десната нога за стоечка и со тоа се здоби со предност во однос на ѕидот. 
Смеел или не смеел? Правилото така како што е напишано не предвидува која нога смееше да ја одлепи Пранди во случајов и предизвика контроверзи.
„Пранди и некои експерти, тврдат дека едната нога му била на земја, а правилото не предвидува која“, пишува Л'екип. 
Токму тој дел се менува во измената на правилото што ќе стане оперативно од 1 јуни. 
Специфично, ќе се дообјасни правилото и точно ќе се знае која нога мора да биде фиксна, па играчот нема да може да ја менува како што тоа го направи Пранди. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk