Ѓер продолжува со Јохансон на клупата

foto: ГК Ростов Дон

Унгарскиот шампион Ѓер го ангажираше шведскиот стручњак Пер Јохансон на за тренер до крајот на сезоната. Пер Јохансон доаѓа среде сезона на местото на данскиот тренер Улрик Киркели кој доби отказ откако неговата екипа беше поразена во финалето на Куп на Унгарија од ривалскиот ФТЦ. 

Јохансон прв пат ќе работи во Унгарија како прв тренер, досега двапати беше тренер на ЧСМ Букурешт, беше тренер на Ростов Дон, селектор на Шведска и Црна Гора. 
Паралелно со работата во Ѓер, ќе ја води и репрезентацијата на Холандија каде што е селектор од 2022 година. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk