Кил купи „убиствено“ крило

Mandatory photo Credit © IHF/ Kolektiff / Anze Malovrh

Репрезентацијата на Унгарија се пласираше на Олимписките игри откако во возбудлив натпревар успеа со пресврт во последните десет минути од средбата да дојде во предност и победа над селекцијата на Португалија. 

Португалија одигра борбен меч на кој во 49 минута водеше и со три гола разлика, но за поразот, подвлечено би рекле дека пресуден беше домашниот терен. 

Најискусните играчи во унгарскиот состав, Роланд Миклер и Мате Лекаи облеани во солзи го дочекаа крајот и пласманот на ОИ. На крајот, пак, сите го бараа во прегратка 21 годишното десно крило Бенце Имре.

Новиот играч на Кил, мечот го заврши со 9/9, а пет од овие девет гола постигна во периодот по 51 минута, кога беше најтешко. Одговорноста ја презема при минус 23-24 и постигна пет од следните седум гола за Унгарија. 
Сигурноста, решителноста, самодовербата ја што покажа импресионираа. Младиот Бенце Имре не само што не се скри во аголот, туку бараше тој да решава, соиграчите го препознаа моментумот и успеваа да ја протуркаат топката до десното крило, по што следуваше остра егзекуција. 

Се чини дека Кил купи крило кое има убиствен инстинкт. Никлас Екберг, шведската легенда која po 12 сезони на лето заминува од Кил добива достојна замена. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk