Германија оди на ОИ во Париз

Mandatory photo Credit © IHF/ Kolektiff / Jozo Cabraja

Германија го грабна првиот билет за Олимписките игри денеска. Во директниот дуел со ривалот Австрија, Германците победија 34-31 и заедно со Хрватска од квалификацискиот турнир во Хановер обезбедија пласман на Олимписките игри. Репрезентациите на Австрија и Алжир се враќаат дома со празни раце. 

Денеска Германија имаше тешка задача против упорната Австрија, предводена од одличниот гоман Мостл и бекот Билик. Но, што и да направеа Австријците, Германија беше чекор пред нив цело време. Победата беше извојувана на крилата на младите бекови Јулијан Костер и Ренарс Усчинс. 
Драмата беше избегната во последните две минути кога Австрија намали на минус два, но го задржаа фокусот Германците и ќе ги гледаме во Париз. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk