Македонија поразена и на вториот меч

РОМАНИЈА - МАКЕДОНИЈА 28-24 (10-15)

Македонската репрезентација вечерва одново е поразена од Романија на контролниот меч одигран во Браила. Македонија причините за овој пораз може да ги најде во слабата реализација, особено на зицерите што на крајот се покажа како клучен момент. 



Македонија и Романија го одиграа и вториот контролен натпревар во Неделата на ЕХФ. Ова беше последна можност за селекторите да ги повикаат на помош и интернационалците пред мајските бараж квалификации. Вечерва во Браила, домашниот отвори подобро со 3-0 и со три одбрани на својот голман Василе. Романија поведе и со  8-4. но Македонија ги казни грешките на противникот и намали на 7-8. Потоа почна лош период за нашите и на полувреме беше 10-15. 
Во вториот дел, Митев изнуди седмерец и Македонија имаше пенал при 11-16, но Кузманоски го погоди голманот на Романија во предел на глава и беше исклучен. Потоа Митев изнуди исклучување и уште еден седмерец што Серафимов го искористи за намалување на 12-16.
Македонија го забрза ритамот на мечот, но за жал проаѓаа и романските напади. Митев со поддршка на Серафимов и Петар Атанасијевиќ беа пребрзи за Романците, но попусто кога и нивните напади проаѓаа и разликата во 39 минута беше истата, 21-16. 
Марко Митев беше најголемата напаст на Романците и изнуди и црвен картон, потоа и погоди од цепелин за 17-21 во 40 минута. 
Македонија имаше зицер што голманот Василе му го одбрани на Атанасијевиќ по што Романија постигна лесен гол и поведе со највисоки 23-17.



Македонија имаше уште еднаш шанса да намали на минус четири, но Василе уште еднаш му одбрани зицер на Атанасијевиќ при 23-18. А потоа погодија за 24-18. Марко Кизиќ ги израмни работите на теренот со две интервенции пред Стојковиќ да погоди за 19-24. 
Кизиќ беше во елемент и во продолжението, со две врзани одбрани во еден напад и даде шанса на Македонија да нападне за минус четири, а шансата ја искористи Марко Митев. Во 51 минута, беше 20-24. Имаше нашиот тим шанса и за минус три, но Василе по којзнае кој пат стана кошмар за стрелците на нашиот тим. 
Еден клучен момент, околу тоа што значи домашен терен, Романија си доби пенал при 25-21 што на гостински терен не би го добила, но погоди и ја одржа дистанцата. Потоа и Серафимов промаши зицер при 22-26 на четири минути до крајот и тука си заминаа и шансите за пресврт. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk