Нигериецот на Бутел е замената за Доленец

Foto: PGNiG Superliga

Јусуф Фарук беше дел од репрезентацијата на Нигерија на Кадетскиот Светски шампионат во Македонија во 2019 година. На тоа Светско првенство во Македонија продефилираа многу актуелни ѕвезди тогаш релативно непознати таленти како Симон Питлик, Мартим Кошта, Хаукур Трастарсон, Јулијан Костер, Косуке Јасухира итн. 

Од сите тие играчи, единствениот кој доби покана од македонски тим и патем и потпиша договор беше Јусуф Фарук, десниот бек на Нигерија кој потпиша за Бутел Скопје. 
Потпиша и го снема. 
Следно што слушнавме за него по долго време е дека стана играч на екипата на Келце. Како ги решија авторските права со Бутел Скопје не е јавно објавено, но Фарук остана играч на Келце и по праксата на тогашниот претседател, Бертус Сервас, веднаш замина на позајмица.
Таа пракса го одведе во Шпанија и како играч на Гранолљерс стана најдобриот млад играч во Асобал, а сега оди чекор напред во кариерата.

Јусуф Фарук не се враќа во Келце, туку се сели во Франција. Тој е замената за словенечкиот ас Јуре Доленец во екипата на Лимож. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk