Романија - Македонија, Германија - Хрватска, каде да гледате?

Foto: RFM

Македонија и Романија денеска ќе го одиграат вториот контролен натпревар во Браила. Овој пат, мечот ќе биде директно пренесуван на романската ТВ Арена Про. На вчерашниот дуел што се играше зад затворени врати, домашниот состав победи 32-27 (15-16). Денеска некомплетната македонска репрезентација ќе има шанса за реванш.

Некомплетната македонска младинска У20 репрезентација по вчерашните 28-28 (Д. Узунчев 13, Шулески 7), денеска ќе одигра уште еден меч со селекцијата на Хрватска. И овој натпревар ќе биде од затворен тип. 

Паралелно со натпреварите на нашите репрезентации ќе се играат и натпревари од олимписките квалификации. 

Шпанија веќе се пласираше на Олимписките игри во Париз, а денеска се игра вториот дел од клучните натпревари за пласман на ОИ. 
Денеска и тоа први на терен (14:30) се среќаваат Германија и Хрватска, двата тима кои победија во првото коло и која репрезентација ќе победи денеска ќе се пласира на ОИ. 
Првиот меч на Хрватска го пренесуваше ТВ Дома која е дел од ТВ Нова. Германски ТВ станици што ќе пренесуваат се АРД, ЗДФ, Спорт 1 и платформата DYN. 

16:30  РОМАНИЈА - МАКЕДОНИЈА (ТВ АРЕНА ПРО РОМАНИЈА)

ДЕНЕСКА ИГРААТ:
14:30  ГЕРМАНИЈА - ХРВАТСКА
17:00  ПОРТУГАЛИЈА - ТУНИС
17:30  АВСТРИЈА - АЛЖИР
19:30  НОРВЕШКА - УНГАРИЈА


 
Austria  ORF
Austria  DYN
Brazil  EnjoyTV
Croatia  Nova TV /Doma TV
Germany  ARD
Germany  ZDF
Germany  Sport 1
Germany  DYN
Hungary  MTVA
Hungary  Sport1 / AMC
Norway  TVNorge
Portugal  RTP
Slovenia  Planet TV
Spain  RTVE Teledeportes (tdp)
Switzerland  DYN

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk