Романија со подобро второ полувреме до победа

РОМАНИЈА - МАКЕДОНИЈА  32-27 (15-16)

Машките сениорски репрезентации на Македонија и на Романија го одиграа првиот од двата контролни натпревари. 
Меч одигран зад затворени врати за да можат двајцата селектори да пробуваат и варијанти што не се за јавност во овој момент, а во мај во баражите можат да бидат корисни. 

Репрезентацијата на Романија го доби овој меч со подобро второ полувреме. По првите 30 минути, Македонија беше подобриот противник и имаше гол предност (16-15). Во второто полувреме, полошо влегоа нашите ракометари, домашниот терен секогаш има улога, па Романија направи пресврт и до крајот на мечот го контролираше резултатот до конечните 32-27. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk