Кадетите втор пат ја победија Ц. Гора

Неделата на ЕХФ беше успешна мисија за македонската кадетска У18 репрезентација. Избраниците на Наум Танески кои во август ќе играат на У18 ЕХФ Еуро во Подгорица одиграа две контролни средби со домаќинот на Европското првенство, Црна Гора. 

Првиот меч нашите кадети го добија со резултат 28-20, а денеска победија и на вториот меч (32-28) и се враќаат дома со комплетно успешно одработена задача. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk