Е. Пелистер комплетираше нов тандем на голот

Актуелниот првак на Македонија, екипата на Еурофарм Пелистер денеска комплетираше ново голманско дуо кое ќе го брани голот на клубот следната сезона.
На капитенот на македонската репрезентација Никола Митревски, му се приклучува хрватскиот голман Филип Ивиќ кој ја одработува последната сезона од договорот со францускиот Шамбери. 

195-сантиметри високиот хрватски интернационалец кариерата ја почна во Загреб, играше во полскиот Келце, бундеслигашот Гумерсбах, словенечкиот Целје Пивоварна Лашко, повторно во Загреб и минатата сезона во Шамбери.Ивиќ долги години го носи дресот на националниот тим и настапи и на последното Европско првенство во Германија. Новиот голман на Е. Пелистер потпиша договор на една плус една година

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk