Петковиќ заминува од кормилото на Русија

foto: Rushandball

Актуелниот селектор на машката сениорска репрезентација на Русија, Велимир Петковиќ, најави дека по завршувањето на договорот, а тоа во во јуни годинава нема да продолжи на клупата на „зборнаја“ туку планира враќање во клупскиот ракомет и тоа во Бундеслигата. Тој тоа го потврди во интервју за германски медиуми.

Русија повеќе од две години нема одиграно натпревар со официјално натпреварувачко значење затоа што се суспендирани, но тој не го раскина договорот туку реши докрај да го одработи. 
Претходно, Петковиќ од 1991 година работеше во Германија, а од 1998 беше тренер во Бундеслигата. Последните четири години, од 2016 до 2020 на чело на Фуксе Берлин. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk