Денеска играат три македонски репрезентации

foto> RSCG

Сениорската, јуниорската и кадетската репрезентација на Македонија денеска ќе ги одиграат планираните натпревари предвидени како контроли во Неделата на ЕХФ. 

Кадетите по вчерашната победа над домаќинот на У18 ЕХФ Еуро (28-20), денеска од 13:00 часот ќе го одиграат вториот натпревар. 

Јуниорите ќе играат против Хрватска во „Автокоманда“, а сениорите со Романија во Браила. Овие два тренинг натпревари ќе бидат од затворен тип. Ова се првите по ЕП и последните пред баражот дуелите за пласман на СП натпревари за сениорите и селекторите ќе имаат шанса да комбинираат и ротираат со играчите без да бидат снимени од нивните следни противници. 

Утре јуниорите ќе одиграат нов меч од затворен тип, додека сениорите ќе играат меч пред публика и со директен пренос на романската Арена Про ТВ. 

Поврзани вести