Хрватска победи на селекторското деби

Дагур Сигурдсон е на добар пат да стане првиот тренер кој со две репрезентации обезбедил пасман на исти Олимписки игри. 
Откако со репрезентацијата на Јапонија победи на Азиските игри и се пласираше на ОИ Париз, Сигурдсон ја презема Хрватска и во првото коло од Квалификациите што се играат во Германија, го совлада директниот ривал Австрија (ремизираа на ЕП 2024). 

Австрија водеше цело прво полувреме,  почна водство од 5-1 и диктираше ритам и водство, но Хрватска иако по 15 минути остана без Јаков Гојун (црвен картон) успеа да израмни и на полувреме беше егал.
Хрватска влезе многу подобро во вториот дел. Сите нивни линии функционираа како што треба. Почнувајќи од голмани, транзиција игра со пивот, игра два на два... Австрија иако има одличен тим, не можеше да парира. Ротациите на Сигурдсон беа сигурни, сѐ беше подмачкано и на крајот наградено со победа.

ТУРНИР ГЕРМАНИЈА
Германија - Алжир  41-29
Хрватска - Австрија  35-29

ТУРНИР УНГАРИЈА
Португалија - Норвешка  29-32
Унгарија - Тунис  

ТУРНИР ШПАНИЈА
Шпанија - Бахреин  39-27
Словенија - Бразил

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk