Бергеруд ја поведе Норвешка кон Париз

Норвешка успеа да запише многу важна победа на квалификаицскиот турнир што се игра во Татабања, Унгарија. На првиот меч ја совладаа Португалија (32-29) благодарение на одличната партија на нивниот голман Торборн Бергеруд. Целиот тек на натпреварот зависеше од него. Норвешка прво се одлепи на плус три гола откако пикерот Борхес го погоди Бергеруд во лицето, во следниот напад му одбрани шут и на другиот пикер (Луиш Фраде), а Норвешка тоа го искористи за да се одлепи на плус три-четири гола. 
Водеа Норвежаните и со шест и седум разлика, но во последните 10 минути се влезе со три гола разлика. Португалија двапати напаѓаше и за минус еден, но Бергеруд одбрани зицер од крилот на Фернандеш и потоа и седмерец на Кико Кошта и ја одбрани предноста на Норвежаните. 

Германија и Шпанија имаа полесни задачи со неевропски противници во првото коло. 
На турнирот што се игра во Германија, домашниот тим со 41-29 го совлада тимот на Алжир, додека во Гранољерс, Шпанија го победи Бахреин со 12 гола разлика (39-27)

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk