Митревски се враќа во Битола

Актуелниот првак, екипата на Еурофарм Пелистер денеска го претстави долгоочекуваното засилување на голманската позиција, а тоа е според дамнешните најави капитенот на машката репрезентација на Македонија, Никола Митревски (38). 

За Никола Митревски ова ќе биде трето враќање на голот на битолската екипа. Таму беше на почетокот на својата кариера до 2007 кога замина за Вардар и потоа во 2019 кога се врати во четиригодишна меѓународна кариера одработена во Бенфика и Констанца. 
Само една сезона остана, потоа замина за Порто каде што ќе ја одработи и тековната сезона. 

Во јавност се шпекулира со повеќе промени во Е. Пелистер, а на голманската позиција покрај Никола Митревски се очекува и уште едно ново име, а тоа е хрватскиот чувар на мрежата, Филип Ивиќ. Но, информацијата за евентуално доаѓање на Ивиќ не е потврдена.  

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk