Јуниорите без публика против Хрватска

Ракометната федерација на Македонија информираше дека дуелите на македонските јуниори (У20) против врсниците од Хрватска што ќе се играат во Автокоманда на 15 и на 16 март ќе бидат без присуство на публика. Ова е на барање на двајцата селектори. 
 

На барање на селекторите и стручните штабови на македонската и хрватската младинска ракометна репрезентација, Ве известуваме дека двата подготвителни пријателски натпревари кои ќе бидат одиграни во Скопје во СС Автокоманда на 15-ти и 16-ти Март 2024, ќе бидат од затворен карактер, односно тренинг-натпревари без присуство на публика.
Кадетската машка ракометна репрезентација на 14-ти Март 2024 во раните утрински часови заминa за Црна Гора каде ќе ги одигра пријателските натпревари со кадетската репрезентација на Црна Гора, закажани за 14-ти и 15-ти Март 2024 во Подгорица.
Дополнително сениорската машка ракометна репрезентација денеска наутро заминa за Романија, а претстојните подготвителни натпревари со репрезентацијата на Романија ќе бидат одиграни на 15-ти и 16-ти Март во Браила.
Првиот тренинг-натпревар ќе биде организиран без присуство на публика со почеток во 18.00 часот, додека вториот натпревар на 16-ти Март ќе започне во 17.30 часот со пренос на TV Pro Arena.
Со почит,
Ракометна Федерација на Македонија

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk