Уште еден пех за БиХ

Ракометот во БиХ го загуби статусот на спорт што привлекува големо внимание и бележи резултати вредни за спомен(ување).
Времето кога Босна играше во ЛШ се чини како далечно минато, кога беа опасен ривал во квалификациите и кога обезбедуваа пласмани на СП како во Катар на пример исто така изгледаат како дел од некоја заборавена историја, иако забот на времето и не е толку остар. 
Во историјата заминаа и имиња како Хармандиќ, Торомановиќ, Тахоровиќ, Граховац... Нови познати имиња освен браќата Бури речиси и да нема на радарот. 
БиХ откако се смени системот на ЕП три пати по ред обезбедува пласман на ЕП, но познато и на своја кожа, откако ќе се стигне на ЕП почнуваат проблемите. Одиграа девет натпревари, запишаа девет порази, а последниот настап го заокружија и со смена на селектор на која претходеше кавга со првата ѕвезда на тимот. 

БиХ, нема селектор, репрезентацијата е на „чекање“ , а во меѓувреме стигна и нова неповолна информација.

Еден од нивните најпознати играчи, Мирсад Терзиќ (40) реши да ја заврши 22 годишната репрезентативна кариера. Терзиќ od 2020 игра (одбрана) во полската екипа Висла Плоцк, претходно 11 сезони го носеше дресот на Веспрем. 
Тој беше еден од столбовите на репрезентацијата на БиХ, но нивната федерација не може да ги следи и исполнува потребите на репрезентацијата нивниот пат е надолу. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk