ВИДЕО: Алкалоид има голмански талент (Втор дел)

Гол постигнат од голман веќе не е новост во ракомет откако се измени правилото за играње со маркер, но кога голманот погодува од игра како бек тогаш вреди да се погледне. Особено кога се работи за пионер и особено кога не му е прв пат. 

Можеби ќе се сетите на пионерскиот голман на Алкалоид, Ѓорѓи Николовски, кој на дерби мечот со екипата на Бисинов ја измами противничката одбрана и во клучни моменти одигра како напаѓач и постигна гол од контра напад. 
Младиот талент на Алкалоид  - Did it again. На натпреварот со Е. Пелистер, на кој немаше резултатска неивесност Николовски одново ја демнстрираше својата луцидност и во сиутација кога неговиот тим имаше четири играчи помалку во поле ја измами целата битолска екипа и успеа да постигне ефектен гол. 

Погледнете како изгледаше против Е. Пелистер


 

Како изгледаше против РК Бисинов

 

Поврзани вести