„А“ тимот без нови измени ќе оди за Романија

Foto: RFM

Репрезентативниот табор на македонскиот сениорски тим што ќе патува за Романија на двата контролни натпревари ќе брои 17 ракометари. 
Селекторот Кирил Лазаров се одлучи на ваков потег по неколкуте откажувања поради повреди, а и неколку играчи од приватни причини не можеа да дојдат за овој собир. 
Во секој случај, овие подготовки и така се користат за поголема одговорност и минутажа да добијат и дел од играчите што вообичаено немаат таква шанса, а потреба им е за да влезат во системот на игра и го зацврстат својот репрезентативен статус. 

Македонија и Романија ќе одиграат два пријателски натпревари на 15 и на 16 март во Браила. Првиот меч ќе биде од затворен тип, вториот ќе биде отворен, билетите се веќе продадени, а најавен е и ТВ пренос на романска телевизија. 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk