Галевски: Чест и задоволство да се игра за Македонија

foto: RK Alkaloid

Младиот голман на Алкалоид и еден од најперспективните играчи во моментов во Македонија, Иван Галевски, во Романија ќе го има својот дебитантски настап за машката сениорска репрезентација. 
Повикот за 19 годишниот чувар на мрежата дојде по одличните партии што ги пружи во дресот на Алкалоид сезонава и во ЕХФ Европската лига и во македонската Суперлига. Неговиот потенцијал е препознаен ќе се вложува во него и труд и време и ќе добива и одговорност и минутажа, а ќе добие шанса и меѓу најдобрите македонски играчи, секако и во младинските категории летово. 

„Чест и задоволство ми е што сум дел од сениорската репрезентација. Ова е голем мотив плус за мене во развојот на мојата кариера. Чувството е одлично, да можам да учам од поискусните. Ќе се обидам да се наметнам и да стекнам интернационално искуство. Романија е добар тест пред натпреварите против Фарски Острови, тоа е квалитетна репрезентација, а селекторот ќе има шанса да ги испроба сите играчи“, изјави Галевски. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk