Вардар ги однесе бодовите од Автокоманда

РК АЛКАЛОИД – РК ВАРДАР 1961 23-27 (8-16)
Сала: „Автокоманда“ во Скопје. Гледачи: 900. Судии: Ѓорѓи Начевски и Славе Николов. Делегат: Камер Металари
РК АЛКАЛОИД: Џонов, Петров 1, Маркоски, Младеновиќ, Серафимов 8, Карасманакис, Стојковиќ, Митев 4, Ѓоргиев 2, Галевски 1, Велковски, Омерагиќ, Трајкоски 1, Бинго 3, Савревски 3, Димовски
Седмерци: 7/7 Исклучувања: 6м.

РК Вардар 1961: Богдановски, Аларов 1, Георгиевски 3, Карапалевски, Томовски, Јасихура 4, Родригез 2, Лазаревски 4, Гојковиќ, Срдановиќ 7, Николиќ 4, Ѓукиќ 2, Стојановски, Ќосевски, Мишевски, Гогов
Седмерци: 2/2 Исклучувања: 10м.

Вардар го доби големото дерби во Автокоманда, поубедливо и полесно од очекувањата и се врати во игра за врвот на табелата. Алкалоид, по серија од 17 победи, сега запиша втор пораз по ред, па сега му претстои тешка битка за враќање на позицијата што му гарантираше излез во Европа. 

Вардар 1961 со Јапонецот Косуке е сосема поинаков тим. Тој евидентно го подигна нивото на нивниот напад и одлично ги составуваше сите коцки во мозаикот, но Мартин Томовски на голот или со други зборови многу лошата реализација особено на чистите ситуации и нерешителноста во нападот на Алкалоид уште во првото полувреме расчистија многу дилеми околу победникот на дерби мечот. 

Во воведните минути од натпреварот Вардар имаше блага контрола од гол два (8-6), а потоа Томовски стапи на сцена, ранливата деснокрилна позиција на Алкалоид беше искористена и Вардар набрзина направи плус четири гола предност (10-6). 
Не застанаа на ова и двата тима, Алкалоид продолжи да промашува, а Вардар погодуваше и серијата стана 6-0 за водство од 12-6. 
По ова се воспостави мал баланс, но не успеа Алкалоид дури и во моментите кога играше подобро да искреира ситуација за вараќање резултатски, напротив вардаровата одбрана комбинирана со алкалоидовиот напад, на полувреме донесе големи 16-8. 

Во второто полувреме не се смени битно односот на силите на теренот. Вардар имаше контрола и доволно концентрација за разликата да ја одржува меѓу осум и девет гола во најголемиот дел.
Но во финишот почна да губи сила Вардар, а Алкалоид стигна до 19-24 и притоа промаши три напади за минус четири. Кога конечно погогија за 20-24, веднаш Вардар врати за 25-20, а домашните направија пробивање, казнето со гол за 26-20 и тоа беше последниот воз што замина од Автокоманда заедно со надежите на Алкалоид за пресврт.
 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk