Бродолом во последната четвртина на Ѓ. Петров

ЕЛЧЕ - Ѓ. ПЕТРОВ 36-21 (14-10)
ЃОРЧЕ ПЕТРОВ: Кицеска, Чурлиновска, Кардозо 2, Коларовска 3, Ѓоргиевска, Е. Божиновска, М. Јанкуловска 5, Де Соуса, Танасковиќ, Родригеш 1, А. Јанкуловска 1, И. Божиновска 1, Ризоска 3, Николовска 4
Седмерци: 5/8 Исклучувања: 8 мин. 

Photo: Atticgo BM Elche/FB

Екипите во завршницата на ЕХФ Куп се со повисок квалитет и без разлика што македонскиот шампион Ѓ. Петров амбициозно и засилен со четири странски играчи замина на дуел за полуфинале со шпанската екипа Елче, не издржа до крај и со висок пораз се враќа во Скопје. 
Генерално не изгледаше лошо Ѓ. Петров се до 45 минута до која и имаше активен резултат, за потоа за 10 минути се да отиде неврат. 

Македонскиот тим не влезе добро во натпреварот. Иако не изгледаше лошо, транзицијата беше сосема коректна и брза, сепак, направи неколку грешки, промаши седмереци и по осум минути игра Симе Симовски мораше да бара тајм аут затоа што по осум минути игра на семафорот беше 6-1. 
По ова се консилидираше, воспостави рамнотежа и анилираше два гола од негативата, но тоа траеше кратко.
Одновно понекоја грешка и промашен пенал и по 18 минути игра разликата беше седум гола (12-5). 
Коларовска имаше краток блесок и со два гола во серија намали на 7-12, но по 22 минути беше 14-7 за домашниот тим. 
Последните седум минути домашните не постигнаа гол, Ѓ. Петров постигна три во серија и на одмор се замина со резултат 14-10 за Елче. Резултат со кој македонскиот тим мора(ше) да биде задоволен со оглед на тоа како течеше натпреварот. 

Израмнето беше на стартот на вториот дел во поглед на дистанцата од првото полувреме. Во еден момент нашиот тим стигна и до минус три (18-21) во 45 минута од мечот. Но, од тој момент сѐ тргна наопаку. 
Домашниот тим направи неверојатна серија од 13-1 и поведе со десет гола разлика (34-19) пред ѓорчепетровки да го постигнат голот број 20.
Конечни плус 15 (36-21) за шпанскиот тим пред реваншот и само теорија за Ѓ. Петров за пласман во полуфиналето.
 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk