Вести: Потоп на дербито, Хрватите добија засилување...

foto: RFM

Дерби мечот во Романија меѓу Динамо Букурешт и Стеауа беше најавуван како дуел со најголема неизвесност, а заврши со најголемата разлика во историјата на дерби дуелите меѓу овие два тима. Динамо победи 42-26, а Никусор Негру (нема да игра за Романија против Макеоднија) постигна 15 гола за победничкиот тим. 

Најдобриот играч на Фарски острови, Елијас Елефсен а Скипаготу се врати на терен по еден меч пауза поради повредата на рамото. Скипаготу постигна еден гол во победата на Кил над Балинген од 36-29.

Селекторот на Германија се соочува со сериозен проблем. По повредата на Јастус Фишер, на дуелот со Ерланген се повреди и друг линиски играч - Јаник Колбахер (foto). Се чека конечната дијгноза, се работи за повреда на рамето. Германија наскоро треба да игра квалификации за ОИ со Хрватска, Австрија и Алжир. 

Хрватска добива големо засилување за олимписките квалификации. Бекот Иван Мартиновиќ се врати по повредата и уште на првиот меч со седум гола беше најдобриот стрелец на Мелзунген на дуелот со Балинген.

Легендарната норвешка голманка, Катрине Лунде мораше да бара медицинска помош среде натпревар, откако и се слоши и едвај остана на нозе благодарение на помошта од соиграчот Луис Абинг. 
Веднаш беше пренесена во медицински центар каде што и без извршени тестирања и за среќа не се работи за ништо страшно, односно како известуваат норвешките медиуми се работи само за „пад“ на притисокот. 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk