Викендот завршува со големо дерби во Автокоманда

Вечерва во „Автокоманда“ со почеток од 18:30 часот силите ќе ги одмерат екипите на Алкалоид и Вардар 1961, во последниот меч од петтото плејоф коло во Суперлигата.
Двата тима во плејоф шампионатот загубија условно кажано планирани бодови на гостувањата во Охрид и Кавадарци и со тоа се доведоа во ситуација веќе да не смеат да направат „кикс“, но денеска исто така условно ако не е нерешено, еден тим ќе остане без бодови. 

Првенството уште не е ни на пола, шанса за поправен има и за двата тима, а не забораваме дека „Јасмин“ и „Билјанини извори“ станаа замка за фаворитите, па денеска што и да се случи нема да биде решено првенството, но сеедно по денешното дерби, притисокот ќе се намали од едниот и ќе се зголеми врз другиот тим. 

Во дерби нема фаворити, но нема ниту аутсајдери, па често нијанси одлучуваат. На Вардар 1961 проблем му е здравствениот билтен, но тие имаат ширина во ростерот и доволно играчи дел странци за да ги покријат дупките. 
На Алкалоид по двата тешки меча со Тиквеш и Охрид, потребен му е добар натпревар за да фати ритам за продолжението на сезоната кое ќе биде за кратко прекинато поради неделата на ЕХФ и репрезентативните активности во сите возрасни категории. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk