Бундеслигашки гости во Кавадарци и Скопје

Петтото коло во македонскиот Плејоф носи два големи дерби натпревари. Вечерва во Кавадарци ќе играат екипите на ГРК Тиквеш и Е. Пелистер, а утре во Скопје ќе се сретнат Алкалоид и Вардар 1961. 

Викендов во Македонија гостин е тренерскиот тим на бундеслигашката екипа Вецлар и тие ќе бидат гости во Кавадарци и Скопје и ќе ги гледаат двата натпревари. 

Гости во Македонија се првиот тренер на Вецлар, Франк Карстенс, спортскиот директор Јасмин Чамџиќ и нивниот македонски домаќин, а инаку асистент тренер во екипата на Вецлар, Филип Миркуловски. 

Не само што не е пракса туку е вистинска реткост во Македонија да бидат гости бундеслигашки тренери и да гледаат натпревари од Суперлигата, па се надеваме дека екипите во Кавадарци и во Автокоманда ќе им приредат шоу што е вредно за гледање. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk