Заврши сезоната за голманот на Вецлар?

Двајца од триото голмани на Вецлар ќе бидат надвор од теренот, можеби до крајот на сезоната. Швајцарецот Леонард Грациоли веќе извесно време е надвор од теренот со скинат лигамент, а на последниот меч со Лемго, дислокација и фрактура на прст на раката заработи и голманот од БиХ кој брани за репрезентацијата на Катар, Анадин Суљаковиќ. 
Катарскиот голман ќе мора на операција и предвидената пауза е околу три месеци, што практично значи дека до крајот на сезоната на првиот голман Тим Климке друштво ќе му прави голманот од У23 тимот, Мариус Гебнер. 

Покрај лошата, Вецлар имаше и добра вест за своите фанови. Нивни играч од следната сезона ќе биде Јастин Милер, плејмејкер на данскиот клуб Нордсјеланд. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk