-
09.03.2024
-
Вести, Актуелно
Машките репрезентации на Македонија и на Романија на 15 и на 16 март ќе одиграат две контролни средби во романскиот град Браила.
Овој град што се наоѓа на околу 200 километри од централата Букурешт не е случајно одбран да биде домаќин на овие средби. Тој е родно место на Георге Буричеа, новиот селектор на Романија и тој за прв пат ќе ја води репрезентацијата пред своите сограѓани.
Георге Буричеа (44) e е тренер на возобновената Констанца, град кој е 130 километри од Браила и во својот прв список се соочи со извесни кадровски проблеми.
Планираните Кристијан Гита и Влад Ротару, двајца прекалени играчи откажаа, тие веќе не планираат да играат за репрезентацијата. Никусор Негру, исто така откажа, но тој демнатираше дека се повлекува од репрезентацијата и приватни проблеми и премор ги посочи како причина за отказот за оваа акција.
Свежо натурализираниот Саед Хеидарирад, голманот од Иран, поради семејни причини нема да игра. Хавиер Хумет, играч натурализиран пред седум години, откажа затоа што не е 100% фит за настап.
Се чека конечно да или не од Анте Кудуз, третиот натурализиран играч, поранешен ракометар на Вардар. Александру Гавил е повреден и оправдано отсутен.
Проблеми има и селекторот на Македонија. Во последното коло од ЛШ се повредија Ненад Костески кој беше стартер на позицијата десно крило и Павле Атанасијевиќ. Повреден е и првиот десен бек, Томи Јагуриновски.
По петтото коло што се игра викендов, Кирил Лазаров ќе го реконструира списокот и веројатно ќе повика нови играчи.
Овие два меча ќе бидат подготовка за бараж дуелите со СП во кои Македонија ќе игра со Фарски острови, а Романија ќе игра со Чешка.
Поврзани вести