Шампионот на „лизгав“ терен во Кавадарци

Денеска стартува петтото коло од суперлигашката битка во Плејоф и Плејаут шампионатот. Коло што ќе биде утре заокружено со големото дерби меѓу екипите на Алкалоид и Вардар 1961 закажано на теренот во Автокоманда. 
Но, денеска на тежок тест ќе биде актуелниот шампион Е. Пелистер кој ќе гостува во Кавадарци, теренот каде што неодамна се лизна Вардар. Кавадарчани имаат проблеми со повреди и тоа на двајцата најдобри играчи. Ани Обина е рековалесцент кој на почетокот на неделата доби дозвола за настап, а креаторот на играта Симиќ, има повреда поради која можеби и нема да го видиме денеска.
Во битолскиот состав Павле Атанасијевиќ и Ненад Костески нема да бидат на располагање, но гостите кои сезонава формираа тим за Лигата на шампионите имаат поширок ростер и помалку последици ќе почувствуваат од непожелниот развој на настаните. 

Пролет ќе го дочека Охрид кој е во добар моментум, а во Струга ќе гостува екипата на Бутел Скопје. 

Дуелот меѓу Куманово и Прилеп, пак, во Плејаут првенството е дерби на колото во Плејаут. Ова е директна битка за два тима кои имаат доби шанси да изборат опстанок или бараж и епилогот ќе игра важна улога на табелата.  




 
П ЕКИПА Н П Р И ДГ ПГ ГР Б
1 РК Е. Пелистер 4 4 0 0 118 101 17 14
2 РК Алкалоид 4 3 0 1 106 94 12 12
3 ГРК Охрид 4 3 0 1 118 110 8 11
4 ГРК Тиквеш 2014 4 3 0 1 101 92 9 10
5 РК Вардар 1961 4 2 0 2 102 87 15 9
6 РК Пролет 62 4 1 0 3 84 104 -20 3
7 РК Бутел Скопје 4 0 0 4 92 100 -8 1
8 РК Струга 4 0 0 4 91 124 -33 0

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk