Тешка повреда на Костески, Лазаров ќе мора принудно да менува

Многу лоши вести од таборот на Еурофарм Пелистер стигнаа денеска. Ненад Костески првиот избор во  репрезентацијата на позицијата десно крило на мечот со Колстад заработи сериозна повреда, скинат преден вкрстен лигамент и за него оваа сезона е веќе завршена. 
За санација на ваква повреда потребна е операција и потоа рехабилитацискиот период во зависност од оштетувањето и текот на заздравувањето може да трае и до девет месеци, но најчесто играчите се враќаат на терен по околу шест месеци строго спроведена терапија. 

Вториот повреден играч од редовите на Е. Пелистер од дуелот со Колстад е Павле Атанасијевиќ. Младиот централен бек заработи фрактура на носот и се очекува да се врати на терен по три недели. 

Селекторот на машката сениорска репрезентација, пак, Кирил Лазаров како што во моментов стојат работите нема да може да смета на најмалку три ракометари.

Покрај Ненад Костески и Павле Атанасијевиќ, повреден ракометар што нема да може да патува за Романија е и десниот бек на Вардар 1961, Томи Јагуриновски. 

Кирил Лазаров, селекторот на репрезентацијата, конечниот список на патници ќе го соопшти по завршувањето на предвиденото коло во првенството викендов. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk