Кил купи крило од Унгарија

Германскиот гигант Кил објави дека потпишале договор што ќе биде важечки од следната сезона до јуниорскиот репрезентативец на Унгарија, Бенце Имре. 
Овој ракометар настапува за екипата на Ференцварош, а играше и за сениорскиот унгарски тим и го привлече вниманието на Кил кој бара замена за Никлас Екберг, шведскиот ас кој на лето заминува од Кил и се враќа назад во Шведска. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk