E. Пелистер поразен, се повреди Костески

КОЛСТАД - Е. ПЕЛИСТЕР 34-27 (17-14)
Стрелци за Е. Пелистер: Лесјак, Кузманоски 3, Тајник 2, Пјеховски, Борзаш 11, Танкоски 3, Костески, Петровиќ, Пе. Атанасијевиќ 1, Ѓорговски 2, Пав. Атанасијевиќ 1

Македонскиот шампион Е. Пелистер ја заврши својата прва сезона во Лигата на шампионите одиграна по 18 години со неславен рекорд од 14 порази на 14 одиграни натпревари. 
Вечерва во Норвешка, во меч кој беше сосема солидно одигран, Колстад го надигра македонскиот состав, и заработи два бода повеќе за Норвешка во следното бодување за ЛШ, но не го поправи својот рејтинг. ЛШ заврши и за нив. 

Малерозно, Е. Пелистер денеска во Норвешка замина без пола екипа за да ги одмори и заштити од повреди и уште во првиот напад остана без Ненад Костески кој постигна гол (поништен поради престап) и остана на лежи на теренот. Потоа не се врати веќе во игра, а беше и единственото десно крило во составот. 
Малку подоцна се повреди и полскиот пивот Пјеховски, но тој откако одмори на клупата повторно се врати во игра. 

Резултатски, Колстад на почетокот почна амбициозно и по само 12 минути игра водеше со седум гола разлика (11-4). Потоа и Норвежаните се олабавија, а Е. Пелистер ја преживеа кризата и од тој момент па до крајот на натпреварот одржуваше рамнотежа и не дозволи противникот да се одлепи. 

Лесјак солиден на голот со 10+ одбрани, Урош Борзаш имаше свое шутерско шоу во кое постигна и неколку доста атрактивни голови, другиот дел од тимот беше сосема солиден имајќи ги предвид околностите. 

Резултатски од плус седум до плус три за Норвежаните, најчесто околу 4-5 гола беше разликата до конечниот резултат. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk