Е. Пелистер со пола тим во Колстад

Битолчани во пракса се збогуваа и со последната шанса да освојат бодови во овогодинешниот настап во Лигата на шампионите, прв по 18 години. 
Е. Пелистер вечерва против Сандер Сагосен и „екипата“ ќе настапат без најважните играчи и со само 13 ракометари во ростерот. Во тимот за оваа средба ќе ги нема Филип Кузмановски, Дејан Манасков, Жарко Пешевски, Денис Васиљев, Нејц Цехте, Богдан Радивојевиќ и Калифа Гедбан. 
За Е. Пелистер, евидентно, поважен е дуелот со ГРК Тиквеш во Кавадарци отколку со Колстад во Норвешка.
Ова не е потег за фалење, иако не е реткост екипи да не настапат во најсилните состави кога мечот нема резултатско значење. Ниту Колстад денеска ќе биде комплетен (Бергеруд, Род ). Секој си го носи својот товар, но треба да се води сметка и дека секој потег помалку или повеќе се скенира, а „утре“ можеби Е. Пелистер ќе треба да бара вајлд карта за играње во истава оваа Лига на шампиони. 
 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk