Трансфери: Балиќ во Јапонија, Португалецот на Металург во Катар...

Хрватскиот весник 24 сата тврди дека Ивано Балиќ веќе остварил контакт со федерацијата на Јапонија и дека во моментов е сериозен кандидат да стане селектор на Далечниот исток. 

Трансферот на Куни Моралес од Загреб во Татабања сега е под голем прашачник откако Кубанецот се повреди на натпревар од Лигата на шампионите и ќе мора на операција на рамето. 

Екипата на Барса наводно е подготвена да плати 45.000 евра отштета на шведскиот тим Онеред за нивниот ракометар Пеле Сегертрофт. Тој има 19 години и игра на позицијата лев бек. 

Поранешниот ракометар на Металург, Португалецот Гончало Риберио во продолжението на сезоната ќе игра за катарската екипа Ал Араби. 

По Љубмир Врањеш, бундеслигашкиот клуб Флензбург врати на должност уште една клупска легенда. Данецот Андерс Егерт ќе му биде асистент тренер на Николас Крицкау. 

Екипата на Будуќност, најголемиот црногорски ракометен проект следната сезона ги враќа во своите редови ракометарките Ѓурѓина Јауковиќ, Јелена Деспотовиќ и Нина Булатовиќ, а носи и три нови ракометарки. Русинката Валерија Курдјацева, Швеѓанката Јени Карлсон и француската ракометарка Аусату Кујате. 



 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk