Ден „Д“ за Војводина, Нексе... Каде да гледате?

Денеска завршува Главната фаза од ЕХФ Европската лига по што победниците на Групите ќе се пласираат во 1/4 финалето, додека второ и третоплсираните екипи ќе имаат едно елиминациско коло повеќе. 

Четири натпревари денеска ќе бидат директно пренесувани и во Македонија. Веќе имавме шанса да ги видиме на дело мајските противници од Фарски острови. Го видовме бекот Елијас Елефсен а Скипаготу како игра за Кил и го видовме крилото Хакун Вест ав Тајгум како игра за Фуксе Берлин. 
Денеска ќе имаме ретка можност, да го видиме вториот најдобар бек на Фарски острови, момче кое има 18 години, а веќе бил МВП на М18 ЕП во 2022 и најдобар стреле на првенството, потоа беше и ол стар тим на СП У19 во 2023 и најдобар стрелец на првенството.
Се работи за Оли Митун, средниот бек на шведската екипа Севехоф. Тие денска ќе играат против Веселин Вујовиќ и Нексе, а средбата ќе биде директно пренесувана на Арена Спорт 2. 

Познати имиња ќе можеме да видиме и во терминиот од 20:45 часот. Кадетен предводен од Кањељас и опасното исландско крило Один Тор Рикардсон доаѓа во Нови Сад на дуел на сѐ или ништо со Војводина со новиот селектор на Србија, Борис Ројевиќ на чело на колоната. 

ДЕНЕСКА ОД 18:45
Бјерингбро - Флензбург
Динамо Букурешт - Спортинг
Горење - Скјерн (ТВ Арена Спорт 3)
РНЛ - Жабже 
Севехоф - Нексе (ТВ Арена Спорт 2)
ДЕНЕСКА ОД 20:45
Нант - Хановер (ТВ Арена Спорт 2)
Војводина - Кадетен (ТВ Арена Спорт 3 Премиум)
Берлин - Констанца

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk