Заливското финале за македонските судии

Македонската судиска двојка Исмаил Металари и Ненад Николовски ја оправда поканата што ја доби за да суди на Блискиот исток. Го потврди својот квалитет и отвори врата и за себе и за други македонски судии во иднина да бидат почесто на списокот на гости за настаните што се организираат во овој регион.

Исмаил Металари и Ненад Николовски по одличниот настап во полуфиналето кое беше тешко, израмнето се отиде и во продолженија, денеска доби нова задача. Тие ќе го судат врвниот меч, финалето на Заливскиот клупски шампионат во Доха, во кој ќе се сретнат екипите на катарскиот Ал Рајан и кувајтската екипа Ал Кувајт. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk