Не чекаа до март, Гисласон селектор до 2027

Актуелните селектори на машката и на женската репрезентација на Германија, Алфред Гисласон и Маркус Гаугиш добија нови селекторски мандати и ќе ги водат најсилните бундес репрезентации до јуни 2027 година. 

Фокусот на ракометната јавност јасно беше насочена кон продолжувањето на договорот на Алфред Гисласон. Со исландскиот стратег на кормилото Германија стигна до полуфинале и четврто место на ЕП 2024, иако за такво остварување доста кумуваше и домаќинството на шампионатот. На хартија, Германија има силен тим, но Топ 4 е можеби над нивниот лимит. 
Сеедно, тие ќе играат квалификации за ОИ, одново на домашен терен, а договорот на Гисласон истече. Првата препорака беше дека квалификациите за ОИ ќе биде реперот, односно ако се пласираат на ОИ Париз, Гисласон добива договор до 2027.
Во меѓувреме прво се шушкаше дека новиот селектор на Хрватска, Дагур Сигурдсон влегува во комбинација, а потоа и тоа јавно медиумите почнаа да го прозиваат тренерот на Магдебург, Бенет Вигерт и да ги анализираат опциите тој да биде селектор.
Германската федерација со еден удар му донесе мир на Гисласон во работата пред Квалификациите за ОИ, а му донесе мир и на Магдебург чив тренер стана медиумска цел. 
Договорот што требаше да се потпише по Квалификациите е потпишан сега и Гисласон доби нов мандат. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk