Табоада го запре Алборг

Е. Пелистер испушти од свои раце одличен играч со одлуката да му дозволи на кубанскиот интернационалец Рение Табоада да си замине од Битола. Во случајот битолчани беа фер кон ракометарот кој имаше поинакви семејни планови и амбиции во животот, па се пресели на северот на Европа во ракометната Данска, во екипата на Фредериција. 
Таму Кубанецот игра на високо ниво, а неговата екипа во голема мерка и благодарение на некогашниот ас на битолските зелени годинава е на второто место на табелата и се „јаде“ со големиот дрим тим Алборг. Како стојат работите, можеби следната сезона ќе го гледаме и во Лигата на шампионите. 

Вчера Фредериција и Алборг играа дерби кое заврши без победник. Рение Табоада беше најдобриот и најефикасниот играч на Фредериција со шест постигнати гола, а средбата ја реши Микел Хансен со гол од седмерец во последните секунди за конечни 32-32. 
На табелата води Алборг со 40 бода, втора е Фредериција со 35, а трет Бјерингбро-Силкеборг со 30 бода. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk