И Македонките ја испратија Марта Манге во пензија

Марта Манге Гонзалез (40) е една од најмаркантните ракометарки во последните две децении. Најдобриот стрелец во историјата на шпанската репрезенатација (1034 гола) вчера на дуелот со Македонија официјално се прости од репрезентацијата, а дресот со бројот 9 што таа го носеше во текот на 23 годишната репрезентативна кариера е официјално повелечен од употреба во женската репрезентација на Шпанија. 

Малата свеченост беше одржана пред почетокот на натпреварот меѓу Шпанија и Македонија, на натпревар што се играше во Ланзароте на Канарски острови кои се под администрација на Гран Канарија од каде што и потекнува Марта Манге (Лас Палмас).


 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk