Охрид го доби дербито со Алкалоид

ГРК ОХРИД - АЛКАЛОИД 30-26 (16-9)
Сала: „Билјанини извори“ во Охрид. Гледачи: 2000. Судии: Димитар Митревски и Благојче Тодоровски. Делегат: Марјан Начевски
ГРК ОХРИД: Ѓорѓески, Ојлески, Мацуока, Јукиќ 1, Стоилевски, Пеледија, Ристевски, Тасески 2, Сафранко 7, Кукоски, Крстевски 1, Шешиќ, Орјоникидѕе 5, Бојаниќ, Цирар 14
Седмерци: 7/8 Исклучувања: 6 мин. 
РК АЛКАЛОИД: Галевски, Трајкоски, Џонов 2, Петров, Маркоски 2, Младеновиќ, Серафимов 5, Карасманакис, Стојковиќ 3, М. Митев 2, Омерагиќ, Бинго, Д. Митев 7, Савревски 1, Димовски 2, Ѓоргиев 2
Седмерци: 5/5 Исклучувања: 6 мин. 


Суперлигашкиот плејоф го донесе и второто изненадување, вечерва во Охрид, домашниот тим го совлада вицепрвакот Алкалоид и направи мешаница во врвот на табелата каде што се сконцентрирани петте екипи што конкурираат за четирите места во Европските купови следната сезона. 

Вечерва, Охрид на кријлата на одличниот голман Даниел Ѓорѓевски кој имаше 13 интервенции го контролираше резултатот од почетокот на натпреварот. Скопските ракометари први почувствуваа дека во плејоф во Охрид никој нема лесно да мине, а грешките кои им се повторуваа досега - сега повторно дојдоа, но овој пат со сѐ сметката. 

Почетното испитување на силите во кое Охрид презема контрола, а Алкалоид беше несигурен и редеше грешки и промашуваше шутеви се претвори во мала трка во која гостите брка мала негатива и успеваа одвреме навреме да израмнат. 
Така беше се до резултат 11-9, по што трипати по ред ракометарите на Алкалоид шутираа во рамките на голот, а за домашните тоа беше стимул, влегоа во ритам и серија и  во период кој го реши победникот. Направија серија од 5-0 со која на полувреме имаа неверојатни 16-9. 

Алкалоид влезе поамбициозно во второто полувреме, направи мини серија од 3-0, но повторно почнаа да грешат, повторно Ѓорѓевски почна да брани, а Цирар и Сафранко продолжија да погодуваат и се воспостави рамнотежа во која Алкалоид успеа да стигне до минус четири, но секогаш кога требаше да тргне напред, нешто го влечеше за дрес назад. Дали промашен шут, седмерец или исклучување, а домашните тоа го казнуваа.
Гал Цирар го одигра мечот на кариерата во дресот на Охрид и постигна 14 гола од кои 7/8 од седмерци. Сафранко исто така го одигра својот најдобар натпревар и постигна седум гола, грото во важни моменти. 
Во составот на Алкалоид, најмладиот, Дамјан Митев веќе втор меч е светла точка, но дел од играчите разочараа и му го препуштија првото место на Е. Пелистер кој најмногу профитираше од овој резултат, како и од резултатот во Кавадарци минатото коло. 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk