Македонија е на милимитери до ЕП 2024

Репрезентацијата на Литванија го совлада Азербејџан (41-26) во денешното четврто коло во групата „5“ и го презема од нив третото место на табелата со два освоени бода. 
Прва во пресрет на попладневната средба со Македонија е репрезентацијата на Шпанија со шест бода, а следи Македонија со четири освоени бодови. 

Победата на Азербејџан над Литванија во минатото коло и успешниот реванш на Литванките денеска, во пракса значат дека Македонија со само еден освоен бод против Азербејџан (гости) или Литванија (дома) во последните два меча, ќе има математички недостижна предност и ќе се пласира на ЕП.
Ова е под услов и Шпанија во последните две кола да ги совлада Азербејџан и Литванија во што не се сомневаме дека ќе биде така. 

Македонија по најреалните пресмeтки би го освоила второто место во групата, а тоа пак во ждрепката на СП 2024 ќе ни го донесе третиот шешир во ждрепката во кои би биле уште и Украина, Чешка, Исланд, Србија и уште една репрезентација, прашањето е дали тоа би била домашната Австрија или пак репрезентацијата на Полска. 


 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk